lyrics
Велат не е битно кај си
само не заборавај на јазикот мајчин
и местото кај што си растел и карактер градел
и на својот брат пазел во пламен да не падне
каде жртва си бил други за да не потонат,
грешките да не ги повторат, да се подобрат,
да имаат избор и да не одат по полош пат,
никогаш заборав, никогаш ко мојот град.
И ова не е клише туку почит, сфаќаш?
Лекција е секој ден што минува низ рака,
само лошо е што некои мораа цена да платат,
веќе не се меѓу нас, жалам дека не се враќаат.
И овој тест за некој е тежок пекол
и ноќва ѕвезда згаснува, во минус оди светов
признавам низ ова мине секој
но сепак ова е мојот дом и нема слично како ова место.
Рефрен:
Овде едно е да имаш - друго е да цениш,
едно е да си славен овде - друго е да вредиш
едно е да си успешен - друго е да се трудиш,
лесно е да си крив кога другиот ти суди.
Овде едно е да имаш - друго е да цениш
едно е да си славен овде - друго е да вредиш
едно е да си успешен - друго е да се трудиш,
тешко ќе се пронајдеш ако сам се губиш.
Бараме баланс, во живот напаст
и луѓе зборат иста прича што ја знаат
и гледа секој во секого како предатор
во очи свои греда а во туѓи бараш рска.
Но нема шанса да смениш човек, батали,
затоа сме родени во исти свет, но различни,
работи практични брат се ретко практикувани
па зошто да е лесно кога може да се усложни.
А јас сум граден од земја и вода
во душа имам оган и на небо стои Бога
и сите елементи се врзани во контраст,
стојам балансиран како иглата во компас.
Така сум почнал, така и ќе завршам
патот ми е запишам пред уште да го започнам
и се што ми е страно спремен сум ја да го научам
ѕвездите се високо - сум спремен да ги дофатам.
Рефрен:
Овде едно е да имаш - друго е да цениш,
едно е да си славен овде - друго е да вредиш
едно е да си успешен - друго е да се трудиш,
лесно е да си крив кога другиот ти суди.
Овде едно е да имаш - друго е да цениш
едно е да си славен овде - друго е да вредиш
едно е да си успешен - друго е да се трудиш,
тешко ќе се пронајдеш ако сам се губиш.
Јас знам дека трпиш се,
а баланс е најтешко да имаш па на страна држи се,
не покажувај слабост, макар и да си на работ,
макар и да си пред крајот, на лице само радост.
Гладен е, па несреќно се сити овој народ,
нема толку многу коњи колку што се крева правот.
Прашлив е градот, сув ко барут пред да пукне,
живот прекраток за план, кога си од денес за утре.
А некои пеат иста песна уште,
сеуште живот бурен, сеуште сон студен,
ретко да се осудиш да пружиш рака,
па не мора да вратат, секако ќе те памтат.
И кога-тогаш ќе ти симнат капа брат
и ќе се врати таа што ја сакаш знам и нема да е касно
заедно пак ќе чекориме по патот,
љубовта не познава закон - затоа јас вас ве сакам!
credits
license
all rights reserved