We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Na pat kon doma (2012)

by Kiskinov

/
1.
Intro 00:55
Ова е причината, приказната, пораката, собир на вештини и искуства следејќи ја мапата самоисцртана во главата со фокус и работа, епа така започнува програмата. Ова е патека која ја креираш сама, случајност постои, да, но ти одлучуваш каде и како чекор ќе даваш и за кој ти ќе спуштиш глава и дали ќе пополниш празнини кои грешкие ти ги прават. Сам сум во свет со билиони од неуспешни таленти до баби со силикони, балансот одамна е скршен и трудот не се цени, за да ми е гајле за тој кој што прв е. Знам, парите се промена и огледалото е вистината очите чим прогледат и срцето е големо колку раце ќе споделат а луѓе се тие со очи и срце, па нека повелат.
2.
3.
Има нешто магично во тоа да пишуваш и нешто трагично да стално критикуваш; Инспирацијата е вечна од било каде да гледаш, колку мислиш да си прав, за некој толку си грешка. И секогаш некои ќе пречат, и некогаш некои ќе речат дека ретка појава се како тебе деца, но штета зошто ред треба да чекаш иако е исто баш ко во бесплатна менза. А минутата е вечна кај преголема желба да се постигне целта, нели времето е сега, па искуствата ти тежат и не се мерат ни со вага ни со кантар, не брат! И можеби денес се вене како есен но со оптимизам кроз време ќе никне тоа цвеќе од цемент до стебло, ружа која боцка со секој убод доказ да тешко е да те сопрат! Рефрен: Еден пораз во борба не значи губење војна туку само пречка по пат кога одиш кон дома успех е кога по падот ти застануваш на нозе со доказ дека можеш, макар и од старт да почнеш. Времето лета, за денеска утре ќе речеш вчера а се што останува е спомен и свои дела, сенки кои те следат, приказни кои вредат да се напишат ко текст опеан во ваква песна... ...гледајќи го светот на друг начин, ветувањата ништо не значат, затоа не се лажи. Ти треба тикет за живот, епа не барај гратис не барај ништо нивно, бегај од тие правци. И ако одиш не значи да даваш чекор, и ако збориш дека ти кажуваш нешто, немој да си тука за да бидеш виден посебно кај што не припаѓаш и кај не си им битен. Кај не гледаш што има зад оптичката варка таквите затоа чашата ја гледаат полупразна. Па и теглата со песокот до крај се полни и се дур има овци, нели, ќе има овци.
4.
Balans 02:23
Велат не е битно кај си само не заборавај на јазикот мајчин и местото кај што си растел и карактер градел и на својот брат пазел во пламен да не падне каде жртва си бил други за да не потонат, грешките да не ги повторат, да се подобрат, да имаат избор и да не одат по полош пат, никогаш заборав, никогаш ко мојот град. И ова не е клише туку почит, сфаќаш? Лекција е секој ден што минува низ рака, само лошо е што некои мораа цена да платат, веќе не се меѓу нас, жалам дека не се враќаат. И овој тест за некој е тежок пекол и ноќва ѕвезда згаснува, во минус оди светов признавам низ ова мине секој но сепак ова е мојот дом и нема слично како ова место. Рефрен: Овде едно е да имаш - друго е да цениш, едно е да си славен овде - друго е да вредиш едно е да си успешен - друго е да се трудиш, лесно е да си крив кога другиот ти суди. Овде едно е да имаш - друго е да цениш едно е да си славен овде - друго е да вредиш едно е да си успешен - друго е да се трудиш, тешко ќе се пронајдеш ако сам се губиш. Јас знам дека трпиш се, а баланс е најтешко да имаш па на страна држи се, не покажувај слабост, макар и да си на работ, макар и да си пред крајот, на лице само радост. Гладен е, па несреќно се сити овој народ, нема толку многу коњи колку што се крева правот. Прашлив е градот, сув ко барут пред да пукне, живот прекраток за план, кога си од денес за утре. А некои пеат иста песна уште, сеуште живот бурен, сеуште сон студен, ретко да се осудиш да пружиш рака, па не мора да вратат, секако ќе те памтат. И кога-тогаш ќе ти симнат капа брат и ќе се врати таа што ја сакаш знам и нема да е касно заедно пак ќе чекориме по патот, љубовта не познава закон - затоа јас вас ве сакам!
5.
Ова не е за завидлив народ, ниту за бедното, горко, со мака кажано "браво", не е за ќарот, нели душата не се продава и раката што создава потсвеста не заборава. Ова е за тој што цени труд и покрај што други не прават луди за оваа музика, веќе секој е артист и немаме публика, но секој не е уметник и кога ќе сумираш џабе е. Но ако не го правиш ќефот ти ништо ќе немаш на светот освен празнина и темно па под маската ќе немаш скроз ништо и така не ја вадиш па многу незнаат дека си никој. Чим материјал одбираш пред слободата и немаш поима колку е магична водата така да нема брановите да те променат кога твојот сад е полнет од туѓиот океан. Рефрен: Чим гори фаќел веќе знаеш кај сме кога слушаш татнеж, врисок ко од грабеж, бесен лаеж, мислејќи да се снајде ти зачекоруваш напред без да видиш дека си во погрешниот правец. Зад себе оставам трага, цврсто чекорам, газам, нажалост кај нас чекор напред значи два чекора назад. Незнам ова што е за вас, јас давам тука се зошто душата е најскупа неможат да купат се. Некои ствари се во друга сфера ко што неможеш да ќутиш кога твојот crew го серат, глува соба како сцена, завесата се крева за да рокаш вака колку ствари да се десат треба? Не е поентата "сме јачи многу" само на тој начин кажувам оваа ствар ми значи многу. Многу повеќе од кеш, престиж и профит сме најдлабоко нешто кое би можел да го сместиш во строфи. Градиме чекор по чекор на цврст темел со добри намери, сепак на светов сме му прст среден. Од секад човекот касно е доценет и неможеш да купиш зошто талент е непроценет. Рефрен: Чим гори фаќел веќе знаеш кај сме кога слушаш татнеж, врисок ко од грабеж, бесен лаеж, мислејќи да се снајде ти зачекоруваш напред без да видиш дека си во погрешниот правец.
6.
О, штом се сака, се прави како мене така и не ќе ми е мака да дојде потем КРАЈ! Се е така далеку кога гледаш својот КРАЈ! Додека газат проблеми значи си жив и не е КРАЈ! Глава горе и да си доле отпор пружи, нема КРАЈ! Животот е битка до последен здив, борба до КРАЈ! Додека престанам да дишам пружам отпор само цврсто, со прсто високо кренат и чекам шанса која нешто може да смени, само чекор напред и трудов да ми се цени. Не сечи вени, никогаш не се откажувај, имај верба во себе, лесно не се залажувај, зошто можеш од ништо-нешто да бидеш само труди се и глава горе низ било што да минеш. Биди позитивен, тоа вреди, желба не штеди, среди што не чини, само срцето го следи, бледи спомени бриши ко креди, само напред фурај, што стварно тебе ти треба, гледи самиот спореди. Никаква грижа, ни криза, да гризат, остават траги, проблеми, маки, тоа се само лаги, не паги на такви ствари што прават да кренеш раце па дете по сето дали сфати дека треба малку. Се е така далеку кога гледаш својот КРАЈ! Додека газат проблеми значи си жив и не е КРАЈ! Глава горе и да си доле отпор пружи, нема КРАЈ! Животот е битка до последен здив, борба до КРАЈ! Ако продолжиш да се вртиш во круг ќе е КРАЈ! Но ако излезеш и погледнеш надвор од твојот КРАЈ! И живееш по твоја желба без да мислиш за КРАЈ! Никој нема да ти суди се дури не е КРАЈ! Велат после дожд е сонце, но предолга ноќ е, треба трпение по што спас знам дека ќе дојде, сакам повеќе, ништо не е доста, небото велат е граница но и него ќе го пројдам. Секоја борба знај е лекција нова, повторно приказна која те величи и во пораз на улица, и во соба меѓу четири ѕида, па имаш бел образ покрај природава сива. Па дај импровизирај меѓу тенко и кршливо, биди главниот пршлен на 'рбтетот, држи се цврсто, и не попуштај, па и да си последен во редици, стегни заби и песници, знам ме следиш ти. Нели сето ова е предизвик, секое чекорење, секое дело што се памти бележи постоење, Искуството е знаење од што си осетил, чим живееш сега, значи дека си победил.
7.
Велат не е битно кај си само не заборавај на јазикот мајчин и местото кај што си растел и карактер градел и на својот брат пазел во пламен да не падне каде жртва си бил други за да не потонат, грешките да не ги повторат, да се подобрат, да имаат избор и да не одат по полош пат, никогаш заборав, никогаш ко мојот град. И ова не е клише туку почит, сфаќаш? Лекција е секој ден што минува низ рака, само лошо е што некои мораа цена да платат, веќе не се меѓу нас, жалам дека не се враќаат. И овој тест за некој е тежок пекол и ноќва ѕвезда згаснува, во минус оди светов признавам низ ова мине секој но сепак ова е мојот дом и нема слично како ова место. Рефрен: Овде едно е да имаш - друго е да цениш, едно е да си славен овде - друго е да вредиш едно е да си успешен - друго е да се трудиш, лесно е да си крив кога другиот ти суди. Овде едно е да имаш - друго е да цениш едно е да си славен овде - друго е да вредиш едно е да си успешен - друго е да се трудиш, тешко ќе се пронајдеш ако сам се губиш. Бараме баланс, во живот напаст и луѓе зборат иста прича што ја знаат и гледа секој во секого како предатор во очи свои греда а во туѓи бараш рска. Но нема шанса да смениш човек, батали, затоа сме родени во исти свет, но различни, работи практични брат се ретко практикувани па зошто да е лесно кога може да се усложни. А јас сум граден од земја и вода во душа имам оган и на небо стои Бога и сите елементи се врзани во контраст, стојам балансиран како иглата во компас. Така сум почнал, така и ќе завршам патот ми е запишам пред уште да го започнам и се што ми е страно спремен сум ја да го научам ѕвездите се високо - сум спремен да ги дофатам. Рефрен: Овде едно е да имаш - друго е да цениш, едно е да си славен овде - друго е да вредиш едно е да си успешен - друго е да се трудиш, лесно е да си крив кога другиот ти суди. Овде едно е да имаш - друго е да цениш едно е да си славен овде - друго е да вредиш едно е да си успешен - друго е да се трудиш, тешко ќе се пронајдеш ако сам се губиш. Јас знам дека трпиш се, а баланс е најтешко да имаш па на страна држи се, не покажувај слабост, макар и да си на работ, макар и да си пред крајот, на лице само радост. Гладен е, па несреќно се сити овој народ, нема толку многу коњи колку што се крева правот. Прашлив е градот, сув ко барут пред да пукне, живот прекраток за план, кога си од денес за утре. А некои пеат иста песна уште, сеуште живот бурен, сеуште сон студен, ретко да се осудиш да пружиш рака, па не мора да вратат, секако ќе те памтат. И кога-тогаш ќе ти симнат капа брат и ќе се врати таа што ја сакаш знам и нема да е касно заедно пак ќе чекориме по патот, љубовта не познава закон - затоа јас вас ве сакам!
8.
Има нешто магично во тоа да пишуваш и нешто трагично да стално критикуваш; Инспирацијата е вечна од било каде да гледаш, колку мислиш да си прав, за некој толку си грешка. И секогаш некои ќе пречат, и некогаш некои ќе речат дека ретка појава се како тебе деца, но штета зошто ред треба да чекаш иако е исто баш ко во бесплатна менза. А минутата е вечна кај преголема желба да се постигне целта, нели времето е сега, па искуствата ти тежат и не се мерат ни со вага ни со кантар, не брат! И можеби денес се вене како есен но со оптимизам кроз време ќе никне тоа цвеќе од цемент до стебло, ружа која боцка со секој убод доказ да тешко е да те сопрат! Рефрен: Еден пораз во борба не значи губење војна туку само пречка по пат кога одиш кон дома успех е кога по падот ти застануваш на нозе со доказ дека можеш, макар и од старт да почнеш. Времето лета, за денеска утре ќе речеш вчера а се што останува е спомен и свои дела, сенки кои те следат, приказни кои вредат да се напишат ко текст опеан во ваква песна... ...гледајќи го светот на друг начин, ветувањата ништо не значат, затоа не се лажи. Ти треба тикет за живот, епа не барај гратис не барај ништо нивно, бегај од тие правци. И ако одиш не значи да даваш чекор, и ако збориш дека ти кажуваш нешто, немој да си тука за да бидеш виден посебно кај што не припаѓаш и кај не си им битен. Кај не гледаш што има зад оптичката варка таквите затоа чашата ја гледаат полупразна. Па и теглата со песокот до крај се полни и се дур има овци, нели, ќе има овци.
9.
Сакам да сме заедно, баш како што беше планот јас и ти само - додека спие градов, да стоиме на дождот, нам не ни треба чадор... но нажалост ништо од тоа, ти си сама на патот. Јас најдобро знам под притисок колку бев напнат, кога немав сон, друго ништо не сакав и само тоа го барав, ма и колку вода да ставаш дрвото нема да цвета, ниту плодови ќе раѓа како порано... а веќе ништо не е така, ако не си бил среќен ти не знаеш што е мака, ако не си бил сакан не знаеш кога те мразат, ако немаш можност и зависиш од друга глава, кога нечии раце се едини за да те фатат, но ги крие магла и нема назад. Можеби е казна, а можеби и подарок, можеби и услуга што сум заминал порано. Само да знаеш дека бев среќен, нели животот ни прави искушенија и сватив дека тест се километрите кои не делеа дур сум чекал да те сретнам моментите така повеќе вредат. Јас тебе те сакам, но време е да гледаш напред твојот живот не запре, туку туѓ што ти значел. Телото ми е под земја и не помага свеќа, туку спокојот го наоѓам ти кога си среќна. Од друга страна стојам сама во мракот со поглед следам... те нема... го нема... а толку проклето ми треба. Јас од друга страна стојам сама во мракот со солза врела, во неа те гледам на другата страна ме чекаш.

credits

released July 27, 2012

Микс/мастер: RickBeatz
Продукција: 1-6: Кискинов; 7: Даре ДТ; 8: Fundament; 9: RickBeatz;
Студио: RickBeatz; Suriken; Авторизација; P.D/Smoke;
Дизајн и илустрација: Мартин Ковачки

2012 Suriken Records

license

all rights reserved

tags

about

Kiskinov Strumica, Macedonia

contact / help

Contact Kiskinov

Streaming and
Download help

Report this album or account

If you like Kiskinov, you may also like: